Успение

Platina Monastery, California USA

Три мудреци

January 2009


Get the Flash Player to see this player.

Три мудреци источни,
од сјајна ѕвезда водени,
пристигнаа од далеку,
до градот Витлеем.

Стигнаа до пештерата,
и во јаслите го сретнаа,
Оној за Кого писмата
пророчки сведочеа.

Гледаат, не сонат: Бог е воплотен.
Му се поклонуваат после патот далечен.
Злато, смирна и темјан тие Му принесоа,
и Власта Негова ја посведочија.

Три мудреци источни,
од ѕвезди што живееја,
Вишно Небо открија,
сокриено од погледи.

Во студена пештера,
сјајно Сонце сретнаа,
од кое живот имаат
сите светови створени.

Гледаат, не сонат: Бог е воплотен.
Му се поклонуваат после патот далечен.
Злато, смирна и темјан тие Му принесоа,
и Власта Негова ја посведочија.