Get the Flash Player to see this player.
Од горешта љубов, од небото се спушти,
Од светлина вечна, во мрак злобен, пусти.
Од горешта љубов, светот што го створи,
Го обнови домот Адам што го разори.
Небото се зачуди, земјата се тресе,
Добредојде Христе, луѓе радувајте се.
Љубовта не знае за страв и понижение,
Добредојде Владико на вечното спасение.
Од горешта љубов, Цару на сите красоти,
Во пештера слезе, на животот човечки.
Небото се зачуди, земјата се тресе,
Добредојде Христе, луѓе радувајте се.
Одамна се надева Девата Прекрасна
Да се спуштиш низ Неа од Градот Небесен.
О, Девице Света, Кадилнице Златна,
Фала ти и слава Мајко Благодатна.
Небото се зачуди, земјата се тресе,
Добредојде Христе, луѓе радувајте се.
текст: Свети Николај охридски и жички

