Успение

Блажени Августин епископ Ипонски

Беседа на Пасха

Успение број 3 · April 2002 · Свети отци · Print

Блажениот Августин е роден на 13 ноември 354 г. во мал ну­ми­дијски град во Северна Африка (денешен Алжир). Татко му Па­т­рик, станал христијанин дури на крајот од животот, но мајка му света Моника го благословила сина си со крстниот знак уште при неговото раѓање.

Како млад Августин се оддал на порочен живот - нешто во­о­би­чаено за тогашното незнабожечко општество. На седумнаесет го­дини веќе станал родител, на деветнаесет го открил Кикерон, и сакајќи да си создаде име во академскиот свет станал учител по ре­торика во родниот град. Од таму најпрвин се преселил во Кар­та­гина, а потоа во Рим. Во Картагина се присоединил кон е­ре­тич­ката секта на манихејците, но во Рим го запознал вис­тин­ско­то лице на еретиците и ги напуштил. Во потрага по вистината се пре­селил во Милано каде што во тоа време епископ бил светиот Ам­вросиј. По Божја промисла, Августин присуствувал на циклус про­поведи на надарениот за беседење свети Амвросиј. Тоа го пот­тикнало да живее безбрачен живот. Најпосле на Велика са­бо­та 387 г. дошол за да се крсти при свети Амвросиј.
Во 388 г. се враќа во Африка каде по настојување на народот би­ва ракоположен за свештеник, а нешто подоцна во 395 г. е ра­ко­положен за епископ. Учествувал во неколку помесни црковни собори. Се борел против аријанството и пелагијанската ерес. По­чи­нал на 28 август 430 г.

Во учењето на блажени Августин се среќаваат и некои греш­ки. Основната грешка на блажениот Августин се состоела во пре­ценувањето на значењето на благодатта во христијанскиот жи­вот и во потценувањето на местото на слободната воља. По­тоа, и самиот Августин признава: „бев во грешка да сметам дека ве­рата преку којашто веруваме во Бога, не е дар Божји, но ја има­ме од самите себе си, и дека преку неа ги добиваме Божјите да­рови, преку кои, пак, можеме да живееме воздржано, праведно и благочестиво во овој свет“. Една од најсериозните грешки во ко­ишто западнал блажениот Августин во однос на учењето за бла­годатта, може да се открие во неговата идеја за пре­до­пре­де­ле­нието, се разбира не такво како што денес го разбираат лу­ѓе­то, но едно преувеличување на православното учење за пре­до­пре­делението кое лесно може да биде неправилно истолкувано.

Не можеме, заради тие грешки да го отфрлиме блажениот Ав­густин, за да не излезе дека го отфрламе православието на си­те свети отци коишто него го почитувале како православен све­ти­тел - од светите отци на Галија, преку свети Фотиј Кон­стан­ти­но­полски, свети Марко Ефески и свети Димитриј Ростовски, до све­тиот архиепископ Јован Шангајски.
Неговото творештво е исклучително по обем. Ги напишал „За Божјот град“ и „Исповеди“, голем број полемички, дог­мат­ски, морални и пастирски творби, околу 270 писма и 363 про­по­ве­ди. Пред смртта не се уплашил да ги прегледа сите писмени твор­би, да ги поправи грешките коишто ги увидел и сè да предаде на идната проценка на Црквата, смирено обраќајќи им се на чи­та­телите: „Нека никој од оние коишто го читаат овој труд, не ги под­ражава моите грешки“.

Јас не сум заборавил на моето ветување. Ви бев ветил, вам ко­и­што сте крстени, проповед за Светата Тајна на Божјата Трпеза, ко­јашто ја гледате, а впрочем и самите минатата ноќ бевте дел од неа. Вие, пак, треба да знаете што примивте, што ќе примате и што сте должни секојдневно да примате.

Оној леб којшто го гледате во олтарот осветен со Словото Бож­јо е Телото Христово. Онаа чаша, она коешто го содржи ча­ша­та, осветено со Словото Божјо е Крвта Христова. Преку нив, Гос­под Иисус Христос сакаше да ни ги предаде Телото и Крвта Сво­ја којашто се пролева заради нас, за опростување на гре­во­ви­те. Ако достојно примивте, вие сте она коешто го примивте. Све­тиот Апостол Павел вели: „Бидејќи лебот е само еден, едно те­ло сме ние многуте, зашто сите се причестуваме од еден леб“ (1 Кор. 10. 17). Така, тој ја прикажува светата тајна на Божјата тр­пеза: „Бидејќи лебот е само еден, едно тело сме ние многуте“. Он, вам ви се принесе во тој леб, за да имате можност да ја љу­би­те заедницата. Дали тој леб е направен од едно зрно? Зарем не беа ли многу зрна? Пред да дојдат во лебот тие се разделени. По определеното дробење се поврзуваат со вода. Освен ако пче­ни­ца­та не се сомеле, па се напрска со вода; се добива речиси истата фор­ма којашто се вика леб. Па така, и вие претходно како да се со­мелувате со смирението на постот и со светата тајна на ег­зор­циз­мите. Се приближува крштевањето и со вода вие сте полеани, па ја достасувате формата на лебот. Но, ништо не е лебот без оган. Она што претставува огнот тоа е помазувањето со елеј. А, пак, она што е огнот хранител, тоа е светата тајна на Светиот Дух.
Внимавајте кога се чита од делата на Светите Апостоли, оти за­почнува книга, самиот прочитав: денеска започнува книга која се нарекува Дела на Светите Апостоли. Оној којшто сака да нап­ре­дува во мудроста има и од каде.

Кога пристапувате во храмот отфрлете ги празнословијата, ис­правете се пред Писмото. Ние сме вашите книги.

Подајте го вниманието и видете како на Педесетница ќе прис­тиг­не Светиот Дух. А, ќе дојде: објавувајќи се во јазици од оган. Све­тиот Дух излева благодат, а во неа, гориме по Бога и през­ре­но гледаме на светот, плевата наша пламнува во оган, а срцето се прочистува небаре е злато. Стигнува Светиот Дух, а по водата, ог­нот и вие станувате леб којшто е телото Христово. На тој на­чин е претставена заедницата со Бога.

Вие ги вкусувате Светите Тајни на свој начин. Во молитвите вие сте повикани: горе да го имате срцето, зашто тоа го краси те­ло­то на Христа. Ако вие сте создадени од телото Христово, каде е вашата глава? Деловите од телото имаат глава. Ако главата не оде­ше напред, деловите од телото немаше да ја следат. Каде оти­де нашата глава? Како го толкувате символот? Во третиот ден вос­кресна од мртвите, се вознесе на небесата, седи оддесно на Оте­цот. Значи на небесата е нашата глава. Затоа кога се вели: ср­цето према горе! Вие одговарате: го имаме до Бога.

Со сета сила, со сета своја добродетел, со сите напори стре­ме­те се да ги исполнувате Неговите заповеди, оти дар Божји е да се има срцето горе, затоа владиката или свештеникот, откако на­ро­дот ќе одговори „нашето срце е приклонето до Бога“, вели: „да Му благодариме на Господа“, зашто: нашето срце е горе. Бла­го­дар­ност да Му вознесеме, зашто ако не нè даруваше со Неговата бла­годат, ќе имавме срце на земјата. И, вие потврдувате велејќи: дос­тојно и праведно е да Му благодариме, Којшто го воздигна на­ше­то срце горе, до славата наша.

Потоа, по осветувањето на жртвата од Бога, зашто Он за­по­ве­да ние самите да бидеме Негова жртва, а тоа е определено кога е принесена првата жртва на Бога којашто сме ние самите; кога е завршено осветувањето ја кажуваме молитвата до Бога ко­ја­што вие ја научивте и изговоривте. По молитвата се вели: „мир вам“ и христијаните се целиваат со свет целив. А, пак, мир е кога: збо­рот твој и зборот на твојот брат заедничарат, се доближуваат во едногласие, и срцето твое да не се оттуѓи од срцето на твојот брат.

Големи се, мошне се големи Светите Тајни. Сакаш ли да осо­зна­еш како ни се предаваат? Светиот Апостол Павел вели: „оној кој­што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, ви­новен ќе биде спрема Телото и Крвта на Господа“ (1. Кор. 11. 27). Што значи недостојно да се прими? Да се прими со презир, да се прими со потсмев. Зарем тебе не ли ти се чини дека е не­вре­дно она коешто го гледаш. Тоа поминува, а она коешто е прет­ста­вено невидливо, тоа не е минливо, туку останува. Ете, се при­ма недостојно, се јаде прекумерно, се троши. Дали Телото Хрис­то­во се троши? Дали Црквата Христова се троши? Дали де­ло­ви­те од Телото на Христа се трошат? Сигурно не! Тука се про­чис­ту­ваат, таму се овенчуваат. Вечно е она коешто не е видливо, иако се чини дека поминува.

Примете и имајте на ум, во срцето да ја држите заедницата, а, пак, срцето да го водите кон небесата. Вашата надеж да не остане на земјата, ами на небото; вашата вера нека е цврста во Христа, Не­му достојна да ја услиши. Зашто она коешто тука не го гле­да­те и верувате, ќе го видите таму каде што бескрајно ќе се ра­ду­ва­те.