Успение

во Јордан

Фотиј Кондоглу

Иконографијата на Воскресението во Православниот Светопис

Успение број 3 · April 2002 · Современи подвижници и богослови · Print

Воскресението Христово е најголемото чудо со коешто Гос­под го запечати своето дело на спасението, коешто дојде да го на­пра­ви во светот. Нашата вера непоколебливо се потпира врз Вос­­кресението: „Ако Христос не воскреснеше“, вели Апос­тол Па­­вел „тогаш нашата проповед е празна и вашата вера е лажна“. Прет­постави си, значи, какви се тие христијани што ве­­рува­ат во Хрис­та, но не и во Неговото Воскресение!

Затоа, многу исправно, Христовото Воскресение е нај­­зна­чај­ни­от и најсветол празник на Православието и нашиот народ го на­рекува Светол (Светла Седмица).

Овој, значи, светол празник којшто за нашиот народ е „праз­ник над празниците и слава над славите“, нашата Црква, нашата Пр­вородена Апостолска Црква го украси со сè највозвишено што, прекрасните химнографи и чудесните наши зографи, можеа да му принесат на Воскреснатиот Христос.

Православната агиографија е една од црковните техники на на­ша­та Црква. И, бидејќи многумина од нас не знаеме добро што е оваа техника, ќе се обидам подолу да напишам, колку пократко мо­жам, си што ќе му помогне на читателот да добие една прет­ста­ва за нашиот православен светопис.

Агиографијата, како и другите црковни техники нема за цел да ги задоволи само очите на оние коишто влегуваат во црквата, ка­ко што прави другата, светската уметност, но да ја подигне ду­ша­та од материјалниот во духовниот свет. Трогнувањето што тре­ба да му го дадат на верникот делата на црковната уметност се поинакви од трогнувањето коешто го чувствува кога гледа или слуша една светска слика или едно музичко дело на свет­ска­та музика, или, една поезија. Ова посебно трогнување се на­ре­ку­ва умиление. Затоа и делата на црковната ико­но­гра­фија коишто го точат во душата ова умиление се насликани на поинаков начин од сликите на светската уметност. Прво и ос­нов­­но, не се насликани на реалистичен начин, ра­бо­та којашто ја бараат многу луѓе и за којашто сметаат дека е мно­гу битна. Оваа неприродност не се должи на фактот дека све­то­писците не знаат да сликаат на реалистичен начин, но на тоа што со природното сликарство не може да се изрази та­ин­стве­на­та длабочина на православието, т.е. вероисповедањето на Хрис­та.

Иконите што ги имаат живописано светописците на Истокот, име­нувани како византиски, изразуваат еден друг свет, и тоа се слу­чува со таканареченото воздигнување. Воз­ди­гну­ва­њето е издигнување на сè што е прикажано на една икона од се­тилниот свет којшто го чувствуваме со сетилата, во духовниот свет којшто го чувствуваме со духовното сетило.

Техниката којашто слика со елементи од сетилниот свет т. е. од материјалниот, и која се обидува да ја подражава природата се нарекува репродукциона, а техниката на иконописот се на­ре­ку­ва литургиска. Репродукционата техника се нарекува ре­про­дук­циона затоа што така ги репродуцира работите на при­род­ни­от свет, како што денес се случува со кинематографот. На овој ре­продукционен начин се насликани делата на италијанската пре­родба коишто имат религиозна тема, но се насликани со на­чи­нот на светската уметност. А, делата на иконописот се на­сли­ка­ни со друга техника којашто не изгледа природна (реалис­тич­на), и затоа им се чинат чудни и неуметнички на оние коишто ба­ра­ат да најдат природност во секој вид на уметност.

Во византиските икони, значи во иконите на Православната Црк­ва, светите икони се претставени во нетленост; додека, со природноста можат да се претстават само про­пад­ливи работи, како што се овие коишто ги гледаме. Со бла­го­чес­тието и со верата, иако поаѓајќи од материјалноста, човекот мо­же да слика некои духовни виденија коишто доаѓаат од светот на тајната на вероисповедањето.

Ова, накратко е разликата помеѓу светското сликарство и ико­нописот. Иконопис постои само во Православната Црква, заш­то, како што рековме, во римокатолицизмот постои ре­ли­ги­о­з­­но сликарство, т. е. светско сликарство, репродукционо коешто од религијата ја зема само темата што сака да ја наслика.

Светописните икони коишто го изобразуваат Воскресението Хрис­тово се насликани со литургиски начин на сликање којшто го нарекуваат византиски. Византиските иконописци не го сли­ка­ат Христа како излегува од гробот, како што прават западните сли­кари, но Христа Којшто слезе во Адот, Победителот на смрт­та Којшто го избави од тление човечкиот род. Затоа оваа икона го носи натписот „Слегување во Адот“.

Во средината е изобразен Христос со едно устремено дви­же­ње, газејќи ги портите на Адот коишто се скршени од Неговата бо­жествена енергија и коишто го притискаат Адот (односно смрт­та), којшто лежи во вериги со лицето напред, во една темна пеш­тера. Господ со десната Своја рака го влече Адама од гробот, а со левата Ева, и ова го символизира воскресението од мртвите на целиот човечки род. Од десно и од лево стојат „од века мрт­ви­те“ во став на молитва, пророците Давид, Соломон, Исаиј, Илија и други, праведните Авел, Енох и други, како и светиот Јован Пре­теча којшто откако го проповедаше доаѓањето Христово на зем­јата, откако му ја отсекоа главата, слезе во Адот и им про­по­ве­даше и на „од века таму заспаните“ дека ќе слезе Христос, По­бе­дителот на смртта, за да ги ослободи од проклетството на про­пас­та. Оваа икона го изобразува она што е напишано во секому познатиот тропар на Пасха, којшто го пеат и големи и мали.

„Хрис­тос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите живот им дарува“.

Сепак, во нашите цркви веќе не се гледа оваа икона на Вос­кре­сението, но италијанските слики за копирање коишто Го прет­ставуваат Христа зацрвенето и русокосо (европеизирано) ка­ко излегува од гробот држејќи едно знаме! Тешко нас! Ги зе­ма­ме овие италијански варваризми, затоа што отпаднавме од на­ша­та духовност каде што нè вознесе Православието, и не сме ве­ќе во состојба да ги чувствуваме големите и длабоки символи на ува­жениот наш иконопис, како и повеќето наши клирици.

За да се покаже единството коешто постои во службите на на­­шата Црква, и симфонијата во црковните техники, давам по­до­лу неколку пасхални тропари од нашата химнографија, про­цве­тани од чудесниот и благоухан рај којшто го наследивме без да му се радуваме.

„Кога разбра Адот (долниот свет), Спасителу мој, дека Ти што седиш на тронот на славата, високо на небесата, слегуваш до­лу, во гробот се потресе гледајќи Те мртов. Зашто се покажа на несфатлив начин мртов, Ти којшто си извор на животот“.

„Адот кога Те пресретна се огорчи, гледајќи еден пропадлив чо­век да е Бог, и да е изрануван (полн со рани на рацете, нозете и ребрата) а истовремено Сесилен и од страшниот Твој лик се по­бр­ка“.

„Сега сè е исполнето со светлина, небесата и земјата и под­зем­је­то. Нека го прославува сета твар Воскресението Христово, со кое се утврди“.

„Слезе, Христе, во најдолните места на земјата и ги сруши ве­ков­ните зандани коишто ги имаа заробено мртвите, и потоа три­дне­вен како што Јона излезе од китот, така и Ти воскресна од мрт­вите“.

преводот од грчки јазик е на игуманијата Кирана, од изданието:

Φώτη Κόντογλου
Ανεστη Χριστοσ
ή δοκιμασία τού Λογικού
Έκδόσεις Άρμός
2001