
I. Определен, од страна на нововековниот хуманизам, како битие со поглед гордо кренат кон небото, но затоа, ќе додадеме, и со срце полно со земја, човекот како и секогаш, имајќи го самобитниот дар на слободата, особено денес е поставен пред изборот: ќе ги озакони ли своите непреобразени енергии, или, ќе го впери видот в земја, а срцето ќе го наполни со небо!
Во VI-от том на „Добротољубие“-то, како што, старецот Емилијан Симонопетритски, еден од извесните отци на нашево време, мудро ја именува книгата за простиот светогорски монах, преподобниот Силуан, се соочуваме со еден, за окото на душата, возбудлив настан од неговиот живот, којшто, пак, можно е, да предизвика метеж во мислата кај прагматичниот и бирократски настроен човек на новата епоха. Имено, пред да замине во манастир и да стане монах, тој бил присутен на една од селските веселби, набљудувајќи го човекот, патем негов пријател, којшто полетно играл свирејќи на хармоника. Го повикал, прашувајќи го: „како можеш да свириш и играш, кога имаш убиено човек“?! (инаку, го беше убил при пијана состојба, во една тепачка). Овој, пак, тргнувајќи го настрана, му одговорил: „додека бев во затворот, многу Му се молев на Бога да ми прости, и Бог ми прости. Затоа сега мирно играм“. 1
[Read more →]
- Архимандрит Софроније, Старац Силуан, Манастир Хиландар, 1998 [↩]

