Entries from December 2004
(разговор со архимандритите отец Серафим од Сирија и отец Анастасиј од Кенија)
Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедно.
Псалм 132. 1

Секој од нас се сеќава на одговорот што черепот од пустината му го упати на преподобниот Макариј Велики. „Пеколот се состои во тоа што не можеме еден на друг да си ги видиме лицата, а кога ти ќе се помолиш, тоа за нас донекаде станува возможно, и чувствуваме големо олеснување“ - рече черепот.
И навистина, има ли денес нешто попеколно од „постоењето“ на луѓе, коишто не сакаат да се среќаваат, да се проникнуваат, заедно да се причестуваат, да бидат едно! Зар постои нешто поадско од ѕидањето бариери и предрасуди од неизживеаност, особено во Црквата!
И, додека мнозина философираат, барајќи го исходот од загадочното прашање - што значи да си среќен, Црквата дејствително го живее одговорот којшто почива во црковнословенскиот збор срешта, односно средба. Да си среќен, бездруго значи - да се среќаваш.
[Read more →]

Кратко житие на светиот новомаченик Иларион Троицки
Свештеномаченикот Иларион роден е како Владимир Алексејевич Троицки во 1886 год. во селото Липице на Тулската губернија. После завршеното духовно училиште и семинарија се запишува на Московската Духовна Академија, каде што, по сопствено признание, се соочил со неблагодатните плодови на западната ученост вгнездени во срцето на тогашната „богословска наука.“ Уште тогаш овој иден бележит богослов на Црквата Христова ја открил причината за ваквата недопустива состојба во опаѓањето на свеста и чувството за црковноста. Оттука, сиот свој понатамошен богословски устрем и живот Св. Иларион го посветува на силовито оприсутнување на преданиското православно учење за Црквата втемелено во длабокото и бескомпромисно поимање на 9-от член од Символот на Верата. Притоа, наспроти духот на времето, тој и самото богословие го ценел онака како тоа го налага Преданието, во склад со што вели: „Што е тоа богословие? За мнозина тоа претставува само знаење на богословските вистини, но не и познание на Бога. Познанието, пак, на Бога е опитна наука. Само чистите по срце ќе го видат Бога, и затоа вистинското богословие мора да биде благочестие, па дури тогаш ќе донесе плод по својата мера.“
Веќе како студент, а подоцна и како професор тој ги пишува своите врвни богословски дела: Христијанство или Црква, Гностицизмот и Црквата во односот кон Новиот Завет, За црковноста на духовното училиште и богословската наука, За нужноста од историјско-догматска апологија на 9-от член од Символот на Верата, Триединството на Божеството и единството на човештвото (кое ви го пренесуваме во овој број на нашата периодика), Покајанието во Црквата и покајанието во католицизмот.…
[Read more →]