Entries from April 2004

Телото на Православната Црква подобно на својата Глава - Христос не е подложно на стареење. Етосот на постојаната динамичност, на вечната младост, на чистата и мирна мудрост, е еден од нејзините препознатливи украси што како, никогаш ветва, царска порфира се протега низ нејзиното повестно и есхатолошко бивање.
Се разбира, сосема за очекување е, во определени историски периоди, духовниот критериум да затапи до таа мера, што според зборовите Христови „не дојдов да донесам мир, туку меч“, при пројавувањето на свеста за Преданието од страна на едни, другите коишто се претставуваат како црква, всушност, да покажат дека тоа - не се.
[Read more →]
Текстот којшто следува е дел од книгата на православниот американски новинар Џим Форест - „Воскресението на Православната црква на Албанија“, излезена во 2002 год. Авторот минува еден месец во земјата и таму се среќава со различни претставници на Православната црква и непосредно ги пренесува разговорите со нив. Ви предложуваме и дел од разговорот со главата на Православната црква во Албанија - архиепископот Анастасиј. По потекло тој е Грк и заминува во Албанија по препорака на Вселенскиот патријарх. Неговиот живот е исклучително богат: на 35-годишна возраст заминува како свештеник во Уганда, после тоа е доцент по историја на религиите на Богословскиот факултет во Атина, а подоцна повторно се враќа на мисионерската работа во Африка (во Уганда, Кенија и Танзанија). Задачата што ја добива - да ја востанови Православната црква во Албанија - навистина е тешка, бидејќи таа бивша комунистичка земја го преживеа најжестокото гонење на религиозните заедници. Во 1967 год. се забранети апсолутно секакви богослуженија и повеќето храмови се, или разрушени, или се одземени од религиозните заедници. Луѓето коишто се фатени како ги нарушуваат забраните и ја практикуваат својата вера можеле да добијат и до 14 години затвор, а свештеник фатен, на пример, како извршува свето крштение, можел да добие смртна пресуда.
[Read more →]
(разговор со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Велески и Повардарски и Егзарх Охридски г. г. Јован)
Многупати сме го повториле и сме се сложиле со ставот на светоотечката наука дека неартикулираната слобода и незнаењето се најголемиот грев од којшто денес бива измачуван човекот. Случувањата со и околу Црквата денес ни налагаат да разговараме со личноста што на себе го носи товарот на исцелителната болка на Црквата. Со Митрополитот г. Јован сме говореле многупати. Според православната духовност темел на градењето на духовниот живот е личносниот однос, а не односот преку посредници. Но, за тоа, пред се, треба да се биде личност. За жал, голем дел од луѓето за него формираат мислење на еден крајно непопуларен начин и надвор од контекстот на Црквата т. е. преку медиумите. Но, во ред. Еве, пред да поразговараме со него, за да се добие поточна претстава со кого се разговара, накратко го изложуваме неговиот животопис.
[Read more →]

Кратко житие на Свети Арсениј Велики
Свети Арсениј (354 -449) по потекло е од Рим. Успева да се стекне со врвно класично образовение, благодарение на што бидува повикан од императорот Теодосиј I Велики да им биде педагод на неговите синови Хонориј и Аркадиј.
Светскиот живот го напушта во 349 г., заминувајќи да живее во Египет како прост монах, после едно потресно искуство. Имено, уште додека бил во царската палата, тој се молел на Бога, говорејќи:
- Господи, поучи ме како да се спасам!
[Read more →]

Кратко житие на Свети Григориј Богослов
Свети Григориј Богослов е роден околу 330 г. во гратчето Аријанз, кападокија - Мала Азија. Татко му бил епископ во соседниот Назијанз, а неговата мајка, света Нона, му била прва учителка во благочестието.
[Read more →]