Entries from November 2003

Бог Којшто пребива на небесата и Којшто е Господ на сè, Којшто нам ни дава здив и живот, и сè, и Којшто без престан се грижи за нашето спасение, Он во вашите свети души да го испрати Духот на утешението, да го просветли вашиот ум како што се просветлија учениците на нашиот Спасител; светлината на неговиот божествен блесок да го озари целиот духовен, умносоздаден човек; да го разгори целото ваше срце со божествениот ерос како кај Клеопа, и бивајќи известено да затрепери, сфаќајќи го зачнувањето на новиот Адам; на крајот, да се распадне стариот човек со сите негови старсти; и, така во секој момент непрестано да течат солзи како извор од којшто истекува блажина. Амин.
[Read more →]

избор од книгата „Старец Силуан“ од блажениот старец Софрониј (Сахаров)
Доаѓањето на Света Гора.
Семјон на Света Гора дошол во есента 1892 година и стапил во Рускиот манастир „Свети Великомаченик Пантелејмон“. Тука започнува нов подвижнички живот.
Според светогорскиот обичај, новопристапениот послушник „брат Симеон“ требало да помине неколку дена во целосен спокој, да се присети на сите дотогашни гревови во животот, да ги запише и да ги исповеда на духовникот. Чувствувањето на адското мачење, во него родило незадржливо огнено покајание. Низ тајната на покајанието тој сакал да ја ослободи својата душа од се што и тежело, и затоа со подготвеност и голем страв, во ништо не оправдувајќи се себеси, ги исповедал сите гревови од неговиот дотогашен живот.
[Read more →]

Совршена, длабоко ољубомудрена е нашата вера. Едноставното е - најскапоцено. Така да се борите во духовниот живот, едноставно, без грч, не изнасилено. Душата се осветува и се очистува со изучување на словата на отците, со учење наизуст на псалми, на делови од Светото Писмо, со псалмопеење, со Иисусовата молитва.
Предадете се на овие духовни нешта, и оставете се друго. Во славењето на Бога можеме да стасаме лесно, бескрвно. Постојат два патишта коишто не водат кон Бога: суровиот и заморувачки со жестоки напади против злото и лесниот - со љубов. Постојат мнозина коишто го одбираат суровиот пат и „проливаат крв за да добијат дух“, сè додека стигнат до голема доблест. Јас најдов дека најкраток и најсигурен пат е - со љубовта. Тој пат да го следите и вие.
[Read more →]

Архимандритот Јоаникиј е роден 1839 година, а се упокоил пред повеќе од шеесет години, на 24 јануари 1941 година. Податоците за неговиот живот се ограничени на само неколку редови, но сепак доволни да се здобиеме со точна претстава за неговата од Бога просветлена личност.
Си спомнуваме за некои од мачениците, вброени во редот на светиите заради нивното исповедање на верата, а за коишто нема скоро никакви податоци; но, нивните свети мошти сведочат за нивниот живот.
[Read more →]
(дијалог прв, превземен од дневникот на еден светогорски монах)

- Старче, имам проучено книги од тихувателните отци за умносрдечната молитва. Се обидувам да го остварам она што го пишуваат. Можам да кажам дека видов полза, но не гледам резултати, онакви какви што наведуваат светите отци.
- Колку време се обидуваш да се молиш?
- Речиси две години.
- Две години; прилично време. Имаш некој патеводител да те советува како да се молиш? [Read more →]