
Кратко житие на светиот отец наш Нектариј Чудотворец
Богоносниот отец наш Нектариј се родил на 1 октомври 1846 година во Силиврија Тракијска. Уште од најрана возраст покрај древните философи особено сакал да ги чита Светите Отци. Потоа, на островот Хиос каде што работел како учител станува чест посетител на тамошниот „Нов манастир“ на старецот Пахомиј со кого што водел долги и чести разговори. Се замонашува во истиот манастир на 7 ноември 1876 година со името Лазар, а после една година ракоположен е за ѓакон кога и го добива името Нектариј. Во Атина завршува гимназија и Богословски факултет после што заминува во Александрија (Египет) каде што е ракоположен за презвитер на 23 март 1886 година, а наскоро бива произведен и во архимандрит. После три години од престојот во Александрија бил избран за епископ на древната Пентаполска епархија.
[Read more →]
Блажениот Августин е роден на 13 ноември 354 г. во мал нумидијски град во Северна Африка (денешен Алжир). Татко му Патрик, станал христијанин дури на крајот од животот, но мајка му света Моника го благословила сина си со крстниот знак уште при неговото раѓање.
Како млад Августин се оддал на порочен живот - нешто вообичаено за тогашното незнабожечко општество. На седумнаесет години веќе станал родител, на деветнаесет го открил Кикерон, и сакајќи да си создаде име во академскиот свет станал учител по реторика во родниот град. Од таму најпрвин се преселил во Картагина, а потоа во Рим. Во Картагина се присоединил кон еретичката секта на манихејците, но во Рим го запознал вистинското лице на еретиците и ги напуштил. Во потрага по вистината се преселил во Милано каде што во тоа време епископ бил светиот Амвросиј. По Божја промисла, Августин присуствувал на циклус проповеди на надарениот за беседење свети Амвросиј. Тоа го поттикнало да живее безбрачен живот. Најпосле на Велика сабота 387 г. дошол за да се крсти при свети Амвросиј.
Во 388 г. се враќа во Африка каде по настојување на народот бива ракоположен за свештеник, а нешто подоцна во 395 г. е ракоположен за епископ. Учествувал во неколку помесни црковни собори. Се борел против аријанството и пелагијанската ерес. Починал на 28 август 430 г.
[Read more →]

Свети Иринеј еден од великите отци на Црквата се родил во Смирна. Бил ученик на смирненскиот епископ свети Поликарп. Свети Иринеј веќе на старост пишува: „јас живо помнам сè што ми раскажуваше Поликарп за своите беседи со Јован Богослов, којшто говорел за Иисуса Христа, за Неговите чудеса и учење. И, Поликарп верно ни предаваше сè она што беше чул од очевидецот на Словото на животот. Јас, по Божја милост, сето тоа го слушав со внимание и го запишав не на хартија, но во срцето си”.
Свети Иринеј бил ракоположен за презвитер од свети Поликарп и заедно со Потин проповедал во Галија (денешна Франција). Тие двајца свети мажи ставиле основи на црквите во Лион и Виена. Претрпеле страшни прогонства. Епископот Потин бил затворен и во затворот се упокоил. Свети Иринеј се спасил од тоа прогонство, и по смртта на Потин, лионските христијани го избрале за свој епископ.
Свети Иринеј Лионски го дал својот живот за Христа во последните години од вториот век, при царувањето на Септимиј Север (196 - 211). Во време на неговото епископство различни лажни толкувања на Светото Писмо внесувале смут помеѓу верните. Свети Иринеј напишал пет книги против ересите. Во нив јасно и красноречиво го изложува христијанското учење и ги побива лажните учители.
[Read more →]

Кратко житие на свети Амвросиј Милански
Свети Амвросиј (340-397) е роден во Галија, денешна Франција, а образование стекнал во Рим. По Божја промисла бил избран за епископ на Милано во 374 година. Тоа се случило на следниов начин: кога постоела несогласност кој да биде избран за епископ, еден детски глас во црквата извикал: “Амвросиј епископ! Амвросиј епископ!”. Амвросиј тогаш не бил крстен но се подготвувал за свето крштение. Тој им го објаснувал тоа на луѓето, дури на двапати се обидувал и да избега од Милано но, после сите настојувања тој примил свето крштение и во текот на една седмица ги минал сите црковни степени и бил поставен за епископ на голема радост на сиот народ. Оваа високо призвание целосно го оправдал, бивајќи непоколеблив заштитник на Православието против ересите и строг пазител на чистото христијанско учење. Не плашејќи се дури и од судир со царот, тој ги заштитувал интересите на Црквата и, ја возвеличувал во слава. Свети Амвросиј без страв го сретнал императорот Теодосиј при входот во храмот и му кажал дека не може да биде во заедница со другите христијани, додека не се покае:
[Read more →]
Кратко житие на свети Климент Александриски
Свети Климент Александриски е еден од апостолските Отци. Роден е околу 150 година, а неговото потекло се наоѓа во богатите и угледни слоеви на атинската аристократија. Имал исклучително добро и сестрано образование. Христијанството го примил во зрели години како и повеќето грчко-римски интелектуалци од тоа време. Се смета дека бил презвитер, теолог, знаменит учител, егзегет, полемичар, апологет и етичар на Александриската Црква. Заедно со Пантеном неговиот учител, се јавува како основач на познатата богословска школа во Александрија.
[Read more →]