Успение

Αγίον Όρος

Entries in 'Современи подвижници и богослови'

старец Порфириј Кавсокаливит

Да се бориме во духовниот живот едноставно, без грч, не изнасилено

Успение број 6 · November 2003 · Современи подвижници и богослови

Старец Порфириј

Совршена, длабоко ољубомудрена е нашата вера. Едноставното е - најскапоцено. Така да се борите во духовниот живот, едноставно, без грч, не изнасилено. Душата се осветува и се очистува со изучување на словата на отците, со учење наизуст на псалми, на делови од Светото Писмо, со псалмопеење, со Иисусовата молитва.

Предадете се на овие духовни нешта, и оставете се друго. Во славењето на Бога можеме да стасаме лесно, бескрвно. Постојат два патишта коишто не водат кон Бога: суровиот и заморувачки со жестоки напади против злото и лесниот - со љубов. Постојат мнозина коишто го одбираат суровиот пат и „проливаат крв за да добијат дух“, сè додека стигнат до голема доблест. Јас најдов дека најкраток и најсигурен пат е - со љубовта. Тој пат да го следите и вие.
[Read more →]

старец Харалампиј Дионисијатски

За умносрдечната молитва

Успение број 6 · November 2003 · Современи подвижници и богослови

(дијалог прв, превземен од дневникот на еден светогорски монах)


- Старче, имам проучено книги од тихувателните отци за умносрдечната молитва. Се обидувам да го остварам она што го пишуваат. Можам да кажам дека видов полза, но не гледам резултати, онакви какви што наведуваат светите отци.
- Колку време се обидуваш да се молиш?
- Речиси две години.
- Две години; прилично време. Имаш некој патеводител да те советува како да се молиш? [Read more →]

Архимандрит Јустин Поповиќ

Хуманистичкиот и Богочовечкиот прогрес

Успение број 4 · November 2002 · Современи подвижници и богослови

Погледнете во основните принципи на европскиот хуманистички прогрес, во неговата метафизика. Очигледно е за сите нормални очи: европската хуманистичка култура систематски го затапува во човекот чувството на бесмртност, додека сосем не го затапи, та човекот на европската култура одлучно, како Ниче, тврди - тело сум и само тело. А, тоа значи: смртен сум и само смртен. Така, над хуманистичката Европа завладеала девизата: човекот е смртно битие. Тоа е формулата на хуманистичкиот човек, тоа е суштината на неговиот прогрес. Најпрво несвесно, а потоа систематски свесно и намерно во европскиот човек преку науката, и преку философијата, и преку културата е внесувано сознанието дека човекот е смртен, целиот без остаток. Тоа сознание целосно се формирало во убедување кое гласи: смртта е неопходност. Смртта - неопходност! Има ли поголем ужас, и навреда, и потсмев: најголемиот непријател на човекот - неопходен му е на човекот! Кажете, дали има тука логика, макар онаа најмалата, макар онаа детската, макар онаа инсектската? Давен и мелен во воденицата на смртта која се вика земја, европскиот човек да не ја изгубил и последната трошка разум та почнал да блада?…
[Read more →]

Јосиф М. Д.

Старец Арсениј Спилеот

Успение број 4 · November 2002 · Современи подвижници и богослови

Старец Арсениј Спилеот
(1886-1983)
(соподвижник на Старецот Јосиф Исихаст)

За старец Арсениј, неспорно, важи евангелското „еве вистински Израилец, во којшто нема лага“. По природа беше искрен, едноставен, незлобив, смирен, послушен; првенствено, беше еден редок подвижник, и беше несреброљубив. За старец Арсениј секогаш важеше: да - да, не - не.

Никогаш не злопамтеше, колку и да му наштетеа. Никогаш не се лутеше, никогаш никому не му наштети.

Во послушанието живееше со целосна точност; затоа и преку послушанието и апсолутната вера во личноста на старецот живееше секојдневно над законите на природата.

[Read more →]

Митрополит Навпактски и Световласијски г. Иеротеј

Основните белези на разликата помеѓу Православната Црква и папизмот

Успение број 4 · April 2002 · Современи подвижници и богослови

1. Епископите на Стариот Рим, и покрај малите и несуштински разлики, секогаш имале заедница со епископите на Новиот Рим и со епископите на Истокот сè до 1009 - 1014 година, кога за првпат епископите Франки го превзеле тронот на Стариот Рим. Сè до 1009 година римските папи и патријарсите на Константинопол биле во сојуз во заедничката борба против Франките владетели и епископи, но и против еретиците кои се појавувале одвреме навреме.
[Read more →]

Иеромонах Агатангел (Калафати)

Моите сеќавања за Папа-Тихон

Успение број 3 · April 2002 · Современи подвижници и богослови

Моите сеќавања за Папа-Тихон

Папа-Тихон, во свет Тимотеј Голенков, се родил во селото Новаја Михаилоска во Русија, во 1884 година, од благочестиви родители Павел и Елена. Посетил околу двесте руски манастири, а отишол на Синај и во Палестина. На Света Гора живеел шеесет години. Се упокоил на 10.09.1968 година. Ова се податоците на неговата лична карта. Но, за овој нежен изданок на светата Русија, мирисниот цвет на свештениот Атон, има некои други привлечни податоци коишто не го оставаат да помине незабележан на нашиве простори. Особено ни благодареше за гостопримството што му го укажувавме. „Им благодарам на Грците за гостопримството“, велеше често.

Топол почитувач на Богородица и достоен литург на Севишниот; божествената литургија беше неговата скапоцена радост; човек на љубов, молитва, умиление, смирение. Милосрден, постник, харизматичен еримит. Вљубеник во небесата, го покажуваше тоа со постојаното сеќавање на смртта, со безгрижноста и со својата радост.
[Read more →]

Георгиј Манзаридис

Гледање на несоздадената Светлина

Успение број 3 · April 2002 · Современи подвижници и богослови

Темата за несоздадената светлина се наоѓа во срцето на у­че­ње­то на Палама за обожението на човекот. Се јавува исто во цен­тарот на исихастичкиот спор којшто се водел во 14 век во Со­лун. Од самиот почеток поимот „светлина“ играл главна улога во пра­вославието. Свети Јован Богослов Го определува Бога како свет­лина, којашто е туѓа на секаква темнина (1. Јован. 1. 5). Хрис­тос е светлината на светот, и ги испраќа Неговите ученици за да би­дат светлина за луѓето (Јован. 8. 12; Мат. 5. 14, 16). Символот на верата Го претставува Синот како светлина којашто по­тек­ну­ва од светлината. Во химнографијата на православната Црква, Гос­под е почесто прославуван како светлина, отколку како љу­бов или мудрост. Отецот, Словото и Духот се троична светлина Ко­јашто зрачи на целото создание (спореди егзапостилариј на Пе­десетница и Преображение). По Триедниот Бог, како свет­лина следат и Ангелите. И, природата на човекот има светлина; во православието, употребувањето на изразот „затемнување“ на об­разот Божји во човекот сугерира на таквата концепција на при­родата на човекот. Затемнувањето на образот Божји е не­дел­лива последица од отпаѓањето од Бога. Од овој аспект, ис­це­ле­ни­ето на човекот е поврзано со новото просветлување, или, како што вели Палама, со повторното облекување на облеката на свет­лината, којашто човекот ја соблече тогаш кога отпадна од Бо­га.
[Read more →]

Фотиј Кондоглу

Иконографијата на Воскресението во Православниот Светопис

Успение број 3 · April 2002 · Современи подвижници и богослови

Воскресението Христово е најголемото чудо со коешто Гос­под го запечати своето дело на спасението, коешто дојде да го на­пра­ви во светот. Нашата вера непоколебливо се потпира врз Вос­­кресението: „Ако Христос не воскреснеше“, вели Апос­тол Па­­вел „тогаш нашата проповед е празна и вашата вера е лажна“. Прет­постави си, значи, какви се тие христијани што ве­­рува­ат во Хрис­та, но не и во Неговото Воскресение!

Затоа, многу исправно, Христовото Воскресение е нај­­зна­чај­ни­от и најсветол празник на Православието и нашиот народ го на­рекува Светол (Светла Седмица).

Овој, значи, светол празник којшто за нашиот народ е „праз­ник над празниците и слава над славите“, нашата Црква, нашата Пр­вородена Апостолска Црква го украси со сè највозвишено што, прекрасните химнографи и чудесните наши зографи, можеа да му принесат на Воскреснатиот Христос.

Православната агиографија е една од црковните техники на на­ша­та Црква. И, бидејќи многумина од нас не знаеме добро што е оваа техника, ќе се обидам подолу да напишам, колку пократко мо­жам, си што ќе му помогне на читателот да добие една прет­ста­ва за нашиот православен светопис.
[Read more →]

Митрополит Навпактски Иеротеј (Влахос)

Умот и Логосот во Православното искуство

Успение број 3 · April 2002 · Современи подвижници и богослови

Во Православното Предание постои разлика помеѓу - ум и ло­­гос. Едно е ум, а друго е логос. Општо како што се гледа од пра­вославното предание, умот е окото на душата со коешто чо­ве­кот го гледа Бога. Умот е орган со кој човекот го гледа не­­­­соз­даденото, а логиката е центар на создаденото познавање, би­дејќи ги испитува создадените работи. Некои отци за поточно да опреде­­­­­лат што е умот го поврзуваат со вниманието и велат де­­­ка умот е најистенченото внимание. Таму каде што се наоѓа вни­манието, таму се наоѓа и умот на човекот. Ако вниманието е свр­­тено и потчинето на создадениот свет значи, дека умот живее во сос­тојба на свое неприродно движење. Ако вни­манието е поврзано со логиката и човекот постојано мисли и размислува значи, дека умот не се наоѓа во своето природно дви­­­­­­жење, но е затемнет. Ако вниманието е во срцето, а ис­­­­товре­ме­но логиката има свест за создадениот свет што нè опкружува, тоа по­кажува дека умот се движи според својата природа, ја живее својата природна состојба.

Бидејќи и оваа анализа, на оние што немаат искуство, може да им се причини неопределена и апстрактна, затоа ќе продол­жам со поголемо истражување на темата во рамките на аскетското искуство на нашите светители.
[Read more →]

Архимандрит Георгиј Капсанис, игумен на манастирот Григоријат, Света Гора

Неуспехот на мнозина луѓе да достигнат обожение

Успение број 3 · April 2002 · Современи подвижници и богослови

Иако го примивме призивот за таа голема цел, да се соединиме со Бога, да станеме богови по благодат, и да се радуваме на големиот благослов за којшто нашиот Творец и Создател нè создаде, ние често живееме како оваа најголема и највозвишена цел да не постои. Оттука, нашиот живот е полн со неуспеси.

Светиот Бог нас нè создаде за обожение. Затоа, ако не успееме да се обожиме, сиот наш живот е неуспех.

Дозволете да спомнеме неколку причини за ова:
[Read more →]